• Насловна
  • За нас
  • Мисија
  • Форум
  • Квизови
  • МКБ Мрежа
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Најава
    Затвори



    • Ја заборавивте шифрата?
    • Го заборавивте Корисничкото име?
    • Доколку немате налог - Регистрирај се
logo
Business details for search
пр.
  • Деловен свет
  • Храна и ресторани
Location details for search

на пр. Skopje, Ohrid, Bitola, Veles

Submit button
 
Барај по клучен збор
Барај компанија по име
 

Регистрација за компании

Почитувани,

Земете учество меѓу првите 1000 компании во Екстра Попусти и добијте ГРАТИС бесплатна рекламна кампања која може Вас да ви го зголеми бројот на клиенти како и прометот на вашите производи и услуги.

МК Брендови претставува проект кој ги поврзува поединците и интересните групи, со цел подобрување на стандардите, како на поединците така и на самите фирми.

mkb karticka za ekstra popust Со склучување на договор вашата компанија ја добива и оваа налепница (стикер) со која корисниците на картичките за Екстра попусти ќе можат да препознаат дека сте и Вие една од многубројните компании кои одобриле Екстра попуст.

 

Овозможете им на вашите вработени и стални клиенти да станат дел од големата фамилија на привилегирани потрошувачи, моментално во повеќе од 300 компании со МК Брендови картичка за Екстра попуст.

Носител на проектот е компанијата PXD System која активно работи веќе 8 години, има 30 производи од областа на здравата храна (превентива и заштита на здравјето), со клиенти во 28 земји во светот и претставништва на 3 континенти.

БОНУС!

Со купување на минимум 10 МКБ картички за Екстра попуст вашата компанија добива МКБ картички со логото на вашата компанија на позадината од картичката.

mkb karticka za ekstra popust  mkb karticka za ekstra popust


БЕСПЛАТНА РЕКЛАМНА КАМПАЊА ВО ПРОЕКТОТ EXTRA ПОПУСТИ ЗА ПРВИТЕ 1000 КОМПАНИИ !!!

ТРИ ЧЕКОРИ:

  1. Регистирирајте се;
  2. Симнете договор заверете го и пратете го до компанијата PXD System или испратете скенирана лична карта од управителот на компанијата.
  3. Земете налепница за вашата компанија.

>>> Кликни за повеќе инфо! <<<

Форма за регистрирање на вашата компанија на МК Брендови порталот



  • Лого - Препорачани димензии: 150х70рх (формат jpg)

  • Прикажи E-маил на профилот   Не прикажувај Е-маил на профилот
  • %
  • Услови за користење на МК Брендови порталот на PXD System

    Содржина и услуги на МК Брендови порталот и нивна употреба

    Регистрација на корисници ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА на МК Брендови порталот

    Со овие услови и правила овозможено Ви е користење на услугите и содржините од МК Брендови порталот односно користење на сите страници од МК Брендови порталот и сервиси кои припаѓаат на доменот www.mkbrendovi.com Со прифаќањето на овие услови и правила се подразбира дека сите корисници во секој момент се запознаени со условите за користење и во целост ги разбираат и прифаќаат. PXD System на своите корисници им нуди пристап до мноштво различни интернет сервиси и содржини. PXD System го задржува правото да ги укине или да го промени изгледот, содржината и условите за користење на МК Брендови порталот како и на сите сервиси и подстраници кои се составен дел на МК Брендови порталот без никакви обврски за претходна најава. PXD System не одговара за било каква штета настаната поради тие промени. Со прифаќање на овие услови за користење, корисникот се согласува услугите на MK Брендови да вклучуваат реклами, известувања, пораки од администратор и слични пораки на PXD System за редовно информирање на посетителите/корисниците на порталот и нормално функционирање на сите услуги и содржини на МК Брендови. PXD System во целост се откажува од секаква одговорност која на било кој начин може да настане од или на било кој начин, а е во врска со користење на МК Брендови порталот за било какво работење на корисникот/посетителот употребувајќи или злоупотребувајќи ги содржините на МК Брендови порталот, и за било каква штета која може да се случи на корисникот/посетителот или било која трета страна поради употреба или злоупотреба од користењето на содржините на МК Брендови порталот. Со регистрирање за услугите на МК Брендови порталот корисникот добива податоци за корисничката сметка - корисничко име и лозинка. Корисникот е должен да ги чува податоците за корисничката сметка и во потполност е одговорен за штетата настаната од неавторизирано користење на својата корисничка сметка. Завршувајќи ја регистрацијата корисникот прифаќа одговорност за сите активности поврзани со користење на услугите на МК Брендови Порталот.

    Обврски на корисниците при користење на МК Брендови порталот

    Авторски права

    На корисниците на МК Брендови порталот не им е дозволено:

    • Објавување, испраќање и размена на содржини кои ги прекршуваат постојните закони на Република Македонија или меѓународни закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, заканувачки, расистички или шовинистички и штетни на било кој друг начин.
    • Објавување, испраќање и размена на информации за кои посетителот знае или претпоставува дека се лажни, а чие користење би можело да нанесе штета на други корисници
    • Лажно претставување во име на други правни или физички лица
    • Манипулирање со информации со цел да се скрие потеклото на содржините кои се објавуваат или праќаат преку услугите на МК Брендови порталот
    • Објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права, во согласност со закон
    • Објавување, испраќање и размена на содржини на корисници без нивно барање или согласност
    • Свесно објавување, испраќање и размена на содржини кои содржат вируси или слични компјутерски датотеки или програми создадени со цел да се уништи или ограничи функционирањето на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и комуникациска опрема
    • Користење на МК Брендови порталот на било кој начин за испраќање односно поттикнување ширење на небарани комерцијални содржини (спамирање) • Собирање, чување и објавување на лични податоци на други посетители на порталот и корисници

    Заштита на приватноста и тајноста на податоците

    • Линкови на други веб страници и содржини добиени од корисниците
    • Укинување и забрана за користење на услугите на МК Брендови Порталот

    PXD System се обврзува да ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители на МК Брендови порталот.

    • PXD System може да собира лични податоци на корисници/посетители само со нивна изречна согласност. Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со Законот за Заштита на личните податоци како и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисникот, подобар увид и разбирање на потребите и барањата на корисниците на MK Брендови, одржување на содржината и функционалноста порталот како и развој на можности за поквалитетно давање услуги.
    • PXD System се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. МК Брендови порталот содржи и документи, податоци, информации и врски до други Интернет страници креирани од трети лица (линкови) кои ќе бидат обележани како такви, секогаш кога тоа е можно.
    • PXD System нема надзор над наведените документи, податоци, информации и други интернет страници и во целост се откажува од секаква одговорност врзана за содржината на интернет страниците креирани од трети лица.
    • PXD System не е одговорен за содржината на страниците кои огласуваат на МК Брендови портал, ниту за било каква штета која настанала поради рекламирање на МК Брендови порталот.
    • Деловните односи помеѓу огласувачите и корисниците на Мк Брендови порталот и надвор од него исклучиво се засновани на деловен договор помеѓу огласувачот и корисникот
    • PXD System не е одговорен за било каква можна штета која би произлегла од таков деловен однос.
    • PXD System нема на било кој начин да одговара за содржина или губење и оштетување на содржина кое настанало заради користење на МК Брендови порталот.
    • PXD System го задржува правото содржините кои ги објавуваат или разменуваат корисниците на МК Брендови порталот да ги користи за промотивни цели.
    • PXD System го задржува правото да ги прекине или ограничи можностите за користење на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран, без претходна најава и/или објаснување.
    • PXD System не одговара за било каква штета која настанала со укинување на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран.

  • Почитувани,

    Заедничката цел кон која сите се стремиме како во нашиот тим така и помеѓу нашите клиенти и поддржувачи е интеграција на бизнисот и поврзување на луѓето. Бидете и вие дел од големото семејство каде ќе пронајдете свои нови бизнис партнери низ целиот свет, ќе го зголемите бројот на свои клиенти како во земјава така и во странство и каде ќе бидете сведок на ваша експанзија каква што досега не сте ни замислиле дека е можно. Имајќи го сето ова во предвид проследете го нашиот предлог што следи за меѓусебна почетна соработка.

    Предмет на овој договор е:

    Член 1

    1.) Рекламирање на порталот http://www.mkbrendovi.com преку активирање на основен профил.

    2.) Одобрување на специјален попуст на производите и услугите на Примателот на услуги. Специјалниот попуст се однесува на дополнителен попуст од минимум 1.0 % и повеќе проценти на веќе постоечкиот попуст на Примателот на услуги доколку го има. Овој попуст се однесува ексклузивно за членовите на МК Брендови, односно истиот не смее да важи за физички лица кои немаат МК Брендови картичка за екстра попусти. Во моментот на куповина на производи или услуги кои ги нуди Примателот на услуги, дел од одобрениот екстра попуст 70 % ( седумдесет проценти ) им се одобрува на лице место на поседувачите на МК Брендови картичките за екстра попуст, а останатите 30 % ( триесет проценти ) од одобрениот екстра попуст се исплаќаат на сметка доставена од Давателот на услуги, еднаш месечно. Примателот на услугата се согласува одобрениот екстра попуст да важи и за корисниците на ОБП Картичките за екстра попуст од Република Србија.

    Член 2

    Попустот важи за сите производи и услуги на Примателот на услуга и важи за временски период од 3 години. Во случај да Примателот на услуги сака да ја промени вредноста на екстра попустот, тоа е должен да го направи со претходно известување по писмен пат, во рок од 1 ( еден ) месец однапред, а се до моментот на одобрение на промената од страна на Давателот на услуги важи попустот согласно со овој Договор.

    Во текот на овој период Примателот на услуга /Давателот на попусти може да пристапи кон склучување на нов договор со кој може да го промени дадениот процент, а претходно да го извести Давателот на услуги.

    Во сите претходно наведени опции за екстра попуст, во моментот на извршената куповина од страна на поседувачот на МК Брендови/ОБП Картички за екстра попуст, Примателот на услуга е согласен да издаде Нарачка/Испратница/Награден купон, со логото на МК Брендови. Останатите два примерка од Нарачка/Испратница/Награден купон се едниот за Примателот на услуги, а другиот за Давателот на услуги.

    Нарачка/Испратница/Награден купон му се доставуваат на Давателот на услуги еднаш месечно, после истекување на последниот ден од тековниот месец, заедно со извршената уплата од страна на Примателот на услуги.

    Давателот на услуги е одговорен за редовно снабдување со Нарачка/Испратница/Награден купон, на Примателот на услуга

    Член 3

    Ознаката “МК Брендови” е задолжителна во сите објекти кои се партнери на МК Брендови. Форматот на ознаката е достапна во димензија А6 Формат (стикер). Давателот на услуги го снабдува Примателот на услуги со ознаката МК Брендови.

    Член 4

    Давателот на услуги ќе се погрижи за дистрибуција на МК Брендови/ОБП Картички за екстра попуст за производите и услугите на Примателот на услуги.

    Давателот на услуги е должен да ја изврши услугата што е предмет на овој договор во согласност на двете договорени страни, а Примателот на услуги е должен да го плати договорениот износ на извршената услуга и да ги прими услугите што ги дава давателот на услуги.

    Доколку Примателот на услуги се одлучи за платена реклама, платени услуги тој е обврзан договорениот износ во противвредност во денари по курс евро денар на денот на потпишувањето на овој договор. да го плати на Давателот на услуги во рок од 10 ( десет ) дена, според фактурата издадена од Давателот на услуги, по склучувањето на овој договор. Комуникацијата помеѓу двете договорени страни ќе се одвива по пат на електронска или влекачка пошта.

    Член 5

    Договорот ќе престане да важи поради непочитување на условите под кои е склучен ( Член 1 и Член 2 од овој договор) или завршување на временскиот период за кој е склучен овој договор со исклучок доколку доброволно двете страни одлучат да продолжат со почитување на обврските од договорот објаснети во член 2.

    Давателот на услуги го задржува правото, еднострано да го раскине договорот, доколку Примателот на услуги ги злоупотребува правата и обврските од договорот.

    Во случај на непочитување на овој Договор, Давателот на услуги е должен во интерес на заштита на потрошувачите на МК Брендови/ОБП Картичките за екстра попуст, да ги извести сите корисници на истите дека Примателот на услуги не е веќе во системот за екстра попусти, а се во согласност со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите.

    При целосно искористување на услугите кои ги нуди Давателот на услуги, во сите ситуации, Примателот на услуги е должен да се запознае и да ги почитува сите услови за користење кои се предвидени на веб порталот на давателот на услуги.

    Член 6

    Во случај на спор по одредбите од овој договор, договорните страни ќе се обидат да го решат спогодбено, а во спротивно решава надлежен суд во Скопје.

    Член 7

    Овој договор е составен во 2 (два) еднобразни примероци од кои едниот е за Давателот на услуги, а другиот за Примателот на услуги. Истиот во PDF формат ќе биде доставен во продолжение на сајтот доколку се согласувате со неговите одредби.




* Поради сериозноста на проектот EXTRA Попусти во МК Брендови, за одобрување на регистрираните компании во проектот одлучува менаџерскиот тим на МК Брендови!

 
 



 

Follow @mkbrendovi

Топ понуди за оваа недела

Нема понуди во оваа недела.

 

Банер

Најнови МК Брендови

Простор за лого - LITIUM DOOEL

Простор за лого - KDC KOM DOOEL

Простор за лого - Hostel-Hostel

Простор за лого - Stomatoloska ordinacija  Metodent

Простор за лого - modno studio renata

Простор за лого - PZU PAVLINA

Простор за лого - Electro Design Dooel

Простор за лого - Ski Club Bistra

Простор за лого - Planet Klub

Простор за лого - Pesho Engineering

Простор за лого - ПРЕЗЕНТ КОМ МК

Простор за лого - Кетеринг Тетка Биберче

Види ги сите >>>
Банер
 
 
Sensis: Find. Buy. Sell.
  • Насловна
  • •
  • За нас
  • •
  • Мисија
  • •
  • Форум
  • •
  • Квизови
  • •
  • МКБ Мрежа
  • •
  • Маркетинг
  • •
  • Контакт
    • Најди бизниси со писмо:
    • A
    • •
    • B
    • •
    • C
    • •
    • D
    • •
    • E
    • •
    • F
    • •
    • G
    • •
    • H
    • •
    • I
    • •
    • J
    • •
    • K
    • •
    • L
    • •
    • M
    • •
    • N
    • •
    • O
    • •
    • P
    • •
    • Q
    • •
    • R
    • •
    • S
    • •
    • T
    • •
    • U
    • •
    • V
    • •
    • W
    • •
    • X
    • •
    • Y
    • •
    • Z
    • •
    • #
    • МК Брендови
    • •
    • © 2011 MK Брендови Македонија - MKBRENDOVI.COM | Носител на проектот PXD System
    • •