• Насловна
  • За нас
  • Мисија
  • Форум
  • Квизови
  • МКБ Мрежа
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Најава
    Затвори



    • Ја заборавивте шифрата?
    • Го заборавивте Корисничкото име?
    • Доколку немате налог - Регистрирај се
logo
Business details for search
пр.
  • Деловен свет
  • Храна и ресторани
Location details for search

на пр. Skopje, Ohrid, Bitola, Veles

Submit button
 
Барај по клучен збор
Барај компанија по име
 
  • Тековни дискусии
  • Категории
  • Правила
  • Помош
Добредојдовте, гостин
Пријавете се или Регистрирајте се.    Ја заборавивте вашата лозинка?
МКБ форум
Семејство
Деца

Како да го научите вашето дете на добри манири?
(1 Преглед) (1) гостин
Оди на днотоСтрана: 1
ТЕМА: Како да го научите вашето дете на добри манири?
Алатки на форумот
  • Oбјави нова тема
  • Pdf
  • Прикажи ја последната порака
  • Правила
  • Помош
#373
Како да го научите вашето дете на добри манири? пред 11 месеци Карма: 12
Како да го научите вашето дете на добри манири?

Никогаш не е премногу рано да започнете да го учите вашето дете на основните добри манири, односно да го научите како да покажува љубезност и почит. Кога ќе увидите дека вашето дете започнува да го прифаќа и/или имитира однесувањето на возрасните, време е да започнете со мали лекции за добри манири. Тие лекции играат важна улога во градењето на карактерот на детето.


Детето треба да се научи на добри манири уште од мали нозе затоа што тоа помага во градењето на неговиот карактер
Децата од двегодишна возраст веќе се подготвени да започнат да учат како треба да се однесуваат учтиво и љубезно. Подолу прочитајте кои се основните добри манири што вашето дете треба да ги научи во предучилишна возраст, како и неколку совети за полесно да се справите со процесот на учење.

УПОТРЕБА НА „БЛАГОДАРАМ“, „ТЕ МОЛАМ“, „ИЗВИНИ“

Најдобриот начин да го научите вашето дете да ги употребува овие зборови е да му кажете дека тоа се магични зборови. На пример:

„Те молам“ има моќ да направи луѓето полесно да му го дадат тоа што го бара;
„Благодарам“ има моќ да направи луѓето да му помагаат повторно во иднина;
„Извини“ има моќ да направи луѓето полесно да му простат кога ќе погреши нешто.
Се разбира, ова треба да му го објасните со практични примери и повеќекратно да го потсетувате во ситуациите кога треба да ги користи зборовите. Кога ќе каже „Сакам смоки“, вие треба да го потсетите дека треба да го каже магичниот збор „те молам“ за да ги добие. Кога ќе добие подарок од својата баба, потсетете го дека треба да каже „благодарам“. Кога ненамерно или намерно направи нешто што ќе го налути неговото другарче, потсетете го дека за да продолжат да бидат вистински другари треба да каже „извини“.

Но, најважно од сè е да не барате само од вашето дете да ги кажува овие магични зборови, туку и вие да ја почитувате поговорката „Добриот збор железни врати отвора“. На пример, кога ќе сакате вашето дете да ви даде нешто, кажете „те молам подај ми го...“. Кога ќе ви подари нешто (како негов цртеж) или кога ќе сподели нешто со вас (на пример, ако ви даде дел од неговото чоколадо), веднаш речете „благодарам“.

ДОБРИ МАНИРИ НА МАСАТА

Вашето дете треба да учи како да се однесува на масата уште од мали нозе. Основните манири кои детето треба да ги научи за да покаже добро однесување на масата се:

да ги мие рацете пред да седне да јаде;
да не зборува со полна уста;
да џвака со затворена уста.
Кога ќе успее да се придржува кон нив, започнете со нови лекции – како се држи ножот, а како виљушката, како се поставуваат рацете на масата и сл.

Особено е важно да не му ги претставувате овие правила без дополнително објаснување. Наместо само да му кажете „не зборувај со полна уста“, објаснете му дека воопшто не е пријатно другите луѓе да ја гледаат џваканата храна во неговата уста и дека тешко можете да разберете што кажува ако истовремено џвака.

Никогаш не го повишувајте тонот ако вашето дете заборави на доброто однесување. Бидете трпеливи.

ПОЗДРАВУВАЊЕ И РАЗГОВАРАЊЕ

Со тоа што ќе го научите вашето дете да ги поздравува луѓето кои ги среќава, вие не само што ќе му создадете навика да биде љубезно, туку ќе го научите како да комуницира. Комуникацијата со возрасните ќе му помогне да ја победи срамежливоста. Кога ќе стапи во контакт со друго лице, вашето дете треба:

да каже „Здраво“;
да го гледа соговорникот во очите;
да одговори на прашањата кои му ги поставува соговорникот;
да каже „Довидување“.
На почетокот ќе треба вербално да го потсетувате што да направи, но ќе забележите дека со тек на време доброто однесување ќе му доаѓа природно.

ЗЛАТНИ ПРАВИЛА:

Повторувањето е мајка на знаењето. Искусните родители знаат дека за да добие детето навика, потребно е да помине време. Како добри родители, вие треба постојано да се обидувате да му го наметнувате доброто однесување преку повторувањето.
Вашето дете е ваше огледало. Децата се како сунѓер. Примаат сè што се случува околу нив. Бидете добар пример. Како што се однесувате вие, така ќе се однесува и вашето дете. Практикувајте ги добрите манири за да израснете воспитано и културно дете.
Sandev
What you see, is what you get
Administrator
Порака: 1089
graph
Kорисникот не е на мрежата Кликнете овде да го видите профилот на овој корисник
Пол: Женско ankica_30 МК Брендови sandev touareg@live.co.za Место: veles Роденден: 03/13
Aдминистраторот го оневозможил јавниот пристап за пишување.
 
Tweet
#1215
Одг: Како да го научите вашето дете на добри манири? пред 4 месеци, 4 недела Карма: 0
Не треба да заборавиме дека децата треба да ги дружиме и со растенијата кои не опкружуваат и секако градинарството во целина. Еве интересно мислење кое го најдов во Мојата убава градина ...

mojataubavagradina.mk/index.php/sto-vela...tereseno-relaksacija


:D :D :D :D :D :D
Теа Јованова
Fresh Boarder
Порака: 1
graphgraph
Kорисникот не е на мрежата Кликнете овде да го видите профилот на овој корисник
Последна измена: 23.12.11 22:10 од Теа Јованова.
Aдминистраторот го оневозможил јавниот пристап за пишување.
 
Оди на врвотСтрана: 1
МКБ форум
Семејство
Деца
Tweet
Во погон е Kunenaпримете ја пораката директно на работната површина
 
 
Sensis: Find. Buy. Sell.
  • Насловна
  • •
  • За нас
  • •
  • Мисија
  • •
  • Форум
  • •
  • Квизови
  • •
  • МКБ Мрежа
  • •
  • Маркетинг
  • •
  • Контакт
    • Најди бизниси со писмо:
    • A
    • •
    • B
    • •
    • C
    • •
    • D
    • •
    • E
    • •
    • F
    • •
    • G
    • •
    • H
    • •
    • I
    • •
    • J
    • •
    • K
    • •
    • L
    • •
    • M
    • •
    • N
    • •
    • O
    • •
    • P
    • •
    • Q
    • •
    • R
    • •
    • S
    • •
    • T
    • •
    • U
    • •
    • V
    • •
    • W
    • •
    • X
    • •
    • Y
    • •
    • Z
    • •
    • #
    • МК Брендови
    • •
    • © 2011 MK Брендови Македонија - MKBRENDOVI.COM | Носител на проектот PXD System
    • •