|
МК Брендови претставува Културен и Бизнис Манифест на поврзување на интересни групи и поединци, за промовирање на неисцрпното бизнис и културно богатство на Република Македонија, во земјата и во светот. Македонија, нејзините граѓани и компании, со својот изграден кредибилитет и квалитет, треба да бидат горди на себе, заради својот огромен потенцијал и вредности кои ги поседуваат и кои преку проектот МК Брендови, имаат можност да бидат претставени на инвентивен начин, промовирајќи се себеси на огромен број на членови и партнери на истиот. Критериуми за наградувањеНа наше големо задоволство и радост, проектот МК Брендови, на почетокот на 2011 год. воспостави критериуми и правила за Наградување на најуспешните компании од различни сфери, како и компаниите од седмата сила – Медиумите. Порталите во светот и Македонија, ги вреднуваат најуспешните компании според различни критериуми како:
МК Брендови направи сеопсежна анализа на ранг листите на најпрестижните портали за статистика како http://www.alexa.com, http://www.radanpro.com/, …итн со дополнителна процена на Менаџерскиот тим и ја оформи Листата на најуспешни за 2010 год, кои воедно и ги наградува. НаградаНаградените компании добиваат Ознака МК Бренд за 2010 год. и Сертификат МК Брендови 2010 год Во оваа прилика би сакале да им честитаме на сите наградени компании, за своите извондредни постигнувања во 2010 год. со желби да 2011 год. биде поуспешна.
|